Нуспојавите по втората доза вакцина се посилни, еве кои се најчестите

Експертите наведуваат дека по примањето на втората доза вакцина против COVID-19 би можеле да се појават посилни нуспојави. Но, овие нуспојави главно минуваат сами од себе по 48 часа од вакцинирањето. Најчести нуспојави се умор, болка во рацете и висока температура.

Некои луѓе пријавиле дека по втората доза на вакцината им се појавиле нуспојави како зголемена температура, умор, главоболки и болки на местото на убодот. Но, нуспојавите всушност се добар знак дека вакцината делува и почнува да се гради имунолошки одговор.

„Кога сте болни или имате температура, тоа обично е знак дека вашето тело реагира. Обично станува збор за краткотрајна појава“, вели д-р Дебра Повел, шефица на одделот за заразни болести во Tower Health, Пенсилванија.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, во САД се искористени повеќе од 55 милиони дози вакцини, а околу 15 милиони луѓе се вакцинирани со двете дози на вакцини.

Вакцините на Pfizer и Moderna се mRNA вакцини кои го активираат имунолошкиот систем така што го дефинираат видот протеин што се наоѓа во вирусот кој предизвикува COVID-19.

„Првата доза на вакцина го учи вашето тело како да реагира на вирусот“, објаснува докторката и додава дека одговорот на имунолошкиот систем би можел да биде малку поизразен по втората доза.

„Тоа го гледаме и кај вакцината против тетанус, како и кај останатите често користени вакцини за возрасни. Но, има и случаи кога нуспојави се појавиле и по првата доза, а по втората немало нуспојави“, објаснува д-р Шерон Некман од детската болница Stony Brook во Њујорк.

За Healthline таа објасни дека уморот и локалните реакции се вообичаени нуспојави. Благите нуспојави по вакцинација минуваат сами од себе по 48 часа, а нуспојавите се поизразени кај помладите отколку кај повозрасните лица.

Без разлика на нуспојавите, вакцините делуваат. Според Повел, првата доза на вакцина го зголемува имунолошкиот одговор за 50 проценти, а втората доза за 95 проценти што секако треба да ги поттикне луѓето да се вакцинираат.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе