NYT: Руската надворешна трговија се врати на нивото од пред војната, санкциите неефикасни

Руската надворешна трговија се врати на нивото на кое беше пред почетокот на војната во Украина, а санкциите кои Западот ги воведе кон Москва не го постигнаа посакуваниот ефект, пишува The New York Times.

Според реномнираниот американски дневен весник, компаниите на многу западни земји не ги прекинале целосно трговските врски со Русија.

Како што посочуваат, неодамнешното истражување на швајцарскиот Универзитет Сент Гален покажа дека помалку од 9% од компаниите со седиште во Европската Унија или во една од земјите на Групата 7 целосно престанале да работат на територијата на Руската Федерација.

Се додава дека неодамнешните анализи покажуваат дека надворешната трговија со соседите и сојузниците на Русија, како што се Турција, Кина, Белорусија, Казахстан и Киргистан е нагло зголемена и дека тие земји успешно ѝ обезбедиле на Русија многу производи кои западните земји се обиделе да ги задржат за да ја казнат Москва поради инвазијата на Украина.

The New York Times оценува дека „руската економија се покажала како изненадувачки отпорна“, и ја доведува во прашање ефективноста на санкциите што западните земји ѝ ги воведоа на Русија.

Како што се наведува, и покрај санкциите, истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) укажува на издржливоста на руската економија.

Според ММФ, проектираниот раст на БДП на Русија оваа година ќе биде 0,3%, иако претходно се проценуваше дека ќе забележи пад од 2,3%.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе