Обединетото Кралство планира целосно своја мисија во вселената

Четворица британски астронаути наскоро треба да отпатуваат во орбитата и тоа во целосно британска мисија.

Тим Пик во вселената

Американската компанија Axiom, која организира посети на Меѓународната вселенска станица (МВС), работи на планот по потпишувањето на меморандум за разбирање со Британската вселенска агенција.

Проектот ќе чини најмалку 200 милиони фунти, но идејата е да се финансира комерцијално, односно да не се користат парите на британските даночни обврзници.

Axiom потврди за BBC дека е во преговори со корпорации и институции заинтересирани за финансирање. Последниот човек од Обединетото Кралство што патувал во вселената беше Тим Пик на МВС како астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА) во 2015 година.

„Ова е возбудлива можност и навистина уникатна. Никој комерцијално не направил 'национална мисија' како оваа. Тоа е нов модел кој ќе ја формира основата на новото вселенско патување во иднина“, рече Пик.

Тим Пик

Засега има малку детали, екипажот сѐ уште не е избран, а нема ни јасен план.

Во моментов, Axiom користи капсули SpaceX за патувања до МВС во своите мисии, но британската екипа всушност може да орбитира околу Земјата во капсулата неколку дена и да спроведе научни експерименти пред да се врати дома.

Капсулата на Axiom

Американската вселенска агенција НАСА инсистира на одредени услови во случај на мисии за посета на МВС, меѓу кои е и вклучување на искусен астронаут во екипажот, меѓутоа, многу малку Британци го исполнуваат овој услов, а Пик е очигледен кандидат за командант на мисијата.

Axiom, кој беше основан од поранешен функционер на НАСА задолжен за МВС, досега водеше две мисии, а третата ќе биде лансирана следната година. Претходните мисии беа можности за богати поединци и астронаути финансирани од владата кои не се дел од стандардните ротации на екипажот на станицата.

МВС

Но, ако новата вселенска економија во ниската орбита сака одржливо да се развива, таа мора да вклучи сектори кои традиционално не биле вклучени во вселенски активности. Британската вселенска агенција стави акцент на создавање приватна поддршка за новите вселенски компании.

Сѐ уште не е познато кога британската екипа ќе отпатува во вселената. Мисијата мора да биде целосно испланирана, а средствата да се обезбедат. НАСА има ограничен број слотови достапни годишно за комерцијални патници и тие се прилично скапи.

Капсулата на Axiom се спојува со МВС

Axiom наскоро ќе започне со прицврстување модули на МВС, кои на крајот ќе се одвојат како посебна платформа за да формираат комерцијална станица кога МВС ќе биде деактивирана. Поголемиот дел од хардверот е произведен во Италија.

Европските земји гледаат на Axiom како начин да испратат повеќе свои луѓе во орбитата. За разлика од Обединетото Кралство, Унгарија, Шведска и Полска ќе ги користат парите на даночните обврзници.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Вести

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Read more

Колку заработуваат вработените во Google?

Read more

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Read more

Повторно падна Cloudflare

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботот Optimus на Tesla научи да трча

Читај повеќе

Колку заработуваат вработените во Google?

Читај повеќе

OnlyFans ѕвездата Софи Реин откри колку заработила за две години

Читај повеќе

Повторно падна Cloudflare

Читај повеќе

Кои iPhone модели најдобро држат цена за препродажба?

Читај повеќе

Што се гуглаше најмногу во 2025 година?

Читај повеќе

НАСА објави снимки од Марс и го потврди долгоочекуваниот феномен: Електрични искри во прашинските ѓаволи

Читај повеќе

Лажни порно страници шират малвер кој краде сè

Читај повеќе

Нов шок по астрономските цени: Micron се повлекува од пазарот на RAM и SSD дискови

Читај повеќе