Објавена огромна студија: Дали ивермектин навистина помага против корона?

Новата голема студија на бразилските научници потврди дека ивермектин, лек кој беше широко купен во аптеките откако антиваксерите дадоа низа неосновани информации за неговиот ефект, не помага во лекувањето на COVID-19.

Студија објавена во New England Journal of Medicine сугерира дека овој лек не го намалува ризикот од хоспитализација по инфекција со коронавирус во споредба со плацебо.

Лек за крави и коњи

Ивермектин е лек кој се дава на кравите и коњите кога имаат паразити и свињите кога имаат црви и лек кој може да се користи во мали дози за лекување на паразити кај луѓето.

Тој се здоби со голема популарност, особено меѓу противниците на вакцинација кои, охрабрени од информациите за лекување на коронавирусот собрани на погрешни места, го сметаат за чудесен.

Во многу држави, полиците во аптеките се испразнети по неосновани тврдења дека ивермектинот е ефикасен во лекувањето на COVID-19.

Општата лудост за ивермектин беше поттикната и од сомнителни веб-страници кои пишуваа за наводно ветувачки резултати, врз основа на мали студии, чиј квалитет и валидност, според експертите, беа сомнителни.

Детали за истражувањето

Во студија на бразилски научници, ниту лекарите, ниту пациентите, по случаен избор, не знаеле кој го прима лекот, а кој плацебо. Зголемување на ризикот од развој на потешка форма на ковид поради нивната возраст или веќе постоечки болести е забележано кај 3.500 учесници во студијата.

Ивермектин добиле 679 испитаници, исто толку примале плацебо, а останатите 2160 пациенти биле третирани на други начини. Резултатите покажаа дека ивермектинот е клинички неефикасен во однос на ризикот од хоспитализација, должината на престојот во болница и должината на закрепнувањето по инфекцијата со коронавирус.

„Оваа тема треба целосно да се тргне настрана“, твитна имунологот Леиф Ерик Сандер од берлинската болница Charité, алудирајќи на студијата.

Претходните мета-анализи, кои комбинираа индивидуални студии и лабораториски експерименти, не успеаја да постигнат јасен заклучок за наводната корист од ивермектинот.

Но, во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) и Европската агенција за лекови (ЕМА) јасно ставија до знаење дека се против употребата на лекот за лекување на Ковид. Научниците истакнуваат дека лекот, доколку се користи несоодветна доза, може да биде многу токсичен.

Австрискиот производител на лекови MSD (Merck Sharp & Dohme) советуваше да не се зема лекот без консултација со лекар, истакнувајќи дека „нема значајни докази“ за употреба на ивермектин во третманот на Sars-CoV-2.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе