OnePlus го претстави Ace 2 Pro со импресивни спецификации

Компанијата OnePlus официјално го претстави смартфонот OnePlus Ace 2 Pro со доста интересни спецификации.

Смартфонот се напојува со моќниот процесор на Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, кој е поврзан со максимум 24 GB RAM, а уредот исто така поддржува брзо полнење од 150 W. Тоа е првиот паметен телефон во светот со 3D ладење благодарение на новиот дизајн на комората за испарување развиен од OnePlus.

Смартфонот користи 10-битен 6,74-инчен AMOLED екран со резолуција од 2.772 x 1.240 пиксели, брзина на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 1.600 nits. Доаѓа и со 100 проценти DCI-P3 и 100 проценти sRGB покриеност, Always-On Display и сооднос екран-тело од 93,9 проценти.

Чипсетот на Qualcomm не е нов за семејството OnePlus, но е подобрување во однос на Ace 2. Подобрени се перформансите на единиците на процесорот и графичкиот процесор, а во исто време е намалена нивната потрошувачка на енергија. Спарени се со LPDDR5X RAM и UFS 4.0 меморија, а смартфонот се нуди во три верзии.

Комората за испарување доаѓа со двојна циркулација за дисипација на топлина, така што вкупната површина се зголемува на 9.140 квадратни милиметри. Станува збор за повеќе слоеви графит и термички гел, два суперспроводливи материјали кои овозможуваат побрзо дисипација на топлината и спречуваат прегревање на внатрешноста на уредот.

OnePlus не го промовира овој паметен телефон како гејмерски уред, но е многу добар за таа намена. Направен е од метал, така што целиот уред делува како антена и тоа не е ништо ново, но Ace 2 Pro има најмалку 15 различни елементи кои можат да дејствуваат како антени. Има и софтверски подобрувања кои обезбедуваат стабилност на Wi-Fi конекцијата. Најмалку 100 игри поддржуваат стапка на освежување од 120 Hz.

Смартфонот доби главна камера од 50 MP со PDAF и оптичка стабилизација на сликата, ултраширока од 8 и макро од 2 MP, додека напред има камера на Samsung од 16 MP (f/2.4).

Ace 2 Pro поддржува полнење од 150 W, а неговата батерија може да се наполни од 0 до 100 проценти капацитет со помош на полначот SuperVOOC за 17 минути. Од друга страна, мобилниот телефон може да се полни со кој било PD полнач од 45W.

Исто така, смартфонот има и SuperVOOC S чип за управување со енергија, кој го контролира екранот, брзината на полнење. Работи Color OS 3.1 базиран на Android 13.

Ace 2 Pro е достапен во Aurora Green и Titanium Grey. Верзијата со 12/256 GB конфигурација чини 375 евра, додека верзијата 16/512 чини 425 евра. Најскапиот е најдобриот модел кој има 24 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија со цена од 500 евра.

Продажбата започнува на 23 август во Кина, а уште се чекаат информации за евентуална глобална достапност.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Како честото консумирање индиски ореви влијае на телото?

Read more

Мобилни

Смартфонот Motorola Razr+ 2024 доби Paris Hilton верзија

Read more

Redmi Turbo 4 Pro пристигнува со голем екран и моќен процесор

Read more

Серија Redmi Note 14 – со одличните телефони доаѓаат и одлични подароци

Read more

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Read more
 

Гик

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Читај повеќе
  • play_arrow

(Аудиоснимка) Морничава бучава во последните моменти на подморницата Titan

Читај повеќе
  • filter

Смартфонот Motorola Razr+ 2024 доби Paris Hilton верзија

Читај повеќе

Redmi Turbo 4 Pro пристигнува со голем екран и моќен процесор

Читај повеќе

Google Messages ќе поддржува видео повици од WhatsApp

Читај повеќе

Дали знаете кое од седумте чуда на древниот свет сè уште не е откриено?

Читај повеќе

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе