Османи во посета на Македонците во Албанија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Албанија, каде ќе се сретне со повеќе преставници на македонското национално малцинство и со преставници на локалните самоуправи.

Како што соопшти МНР, министерот Османи ќе оствари средби во Тробиште и Голобрдо, а потоа ќе пристигне во регионот на Пустец.

Во Пустец предвидени се средби со претседателот на Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ), Васил Стерјовски, како и со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, како и посета на повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.

Посетата на Македонците во Албанија Османи ја најави синоќа на прес-конференција на новинарско прашање во однос на актуелните тврдења на претставници од македонската заедница во Албанија дека се соочуваат со притисоци да се попишат како Бугари на претстојниот попис закажан во октомври.

– Јас веќе имав комуникација со нив и се договоривме, ќе ги посетам и Пустец, Џепиште и Требиште, каде исто така живее македонско национално малцинство во Албанија. Ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивното здружение во текот на целиот утрешен ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе