Научниците во шок

Откриена единствената бремена мумија во светот

Научници во Полска објавија откритие за првата бремена египетска мумија во светот чии посмртни останки се чуваат во Националниот музеј во Варшава.

Додека ја скенирале 2.000 години старата мумија полските археолози всушност откриле дека мумијата не е машки свештеник како што очекувале туку мумија на жена којашто била седум месеци бремена. Понатамошните анализи покажале дека фетусот не бил отстранет при процесот на мумифицирање. Жената била на возраст меѓу 20 и 30 години и била бремена 26 до 30 недели.

URL

Мумијата во Полска е донесена во 19 век и е дел од збирката антиквитети на Универзитетот во Варшава. Истата се чува во Националниот музеј од 1917 година.

URL

„Нашето прво изненадување беше што мумијата немаше пенис, туку гради и долга коса, а потоа откривме дека всушност станува збор за бремена жена. Првин го видовме малото стапало, а потоа и малото раче на фетусот, бевме шокирани“, вели археологот Марзена Озарек-Шилке.

Откритието е објавено во Journal od Archaeological Science. Првиот податок за идентитетот на мумијата е преку компјутерска томографија, додека 3D визуелното претставување открило долга виткана коса и гради на жена. Иако другите органи биле отстранети, фетусот бил недопрен.

„Не знаеме зошто фетусот не бил изваден од починатата жена во текот на мумифицирањето“, вели Војчек Ејсмонд, соработник на проектот. „Оваа мумија е навистина уникатна, немаме пронајдено ниту еден ваков сличен случај. Тоа значи дека нашата мумија е единствената во светот за која е утврдено дека е со фетус“, вели тој.

На основа на анализа според саркофагот, за мумијата првично се мислеше дека била на египетски свештеник кој живеел меѓу во првиот век пред новата ера и првиот век на новата ера. Научниците сега веруваат дека можеби мумијата е постара и ги истражуваат можните причини за смртта.

Remote video URL
Тагови
реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Верувале или не: Претседателот на ФФМ, Омерагиќ, има постигнато гол против Македонија

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Read more

Наука

Кој ги направил мистериозните 5.200 дупки на Андите во Перу?

Read more

Конечно знаеме како славниот „римски бетон“ го издржал тестот на времето

Read more

Дали „втората Месечина“ на Земјата е само реликвија од СССР?

Read more

Зошто не треба да го истурате талогот од кафе во одводот?

Read more
 

Гик

Windows 11 ги израдува сите кои користат менаџери за лозинки

Читај повеќе

OpenAI тестира групен разговор за ChatGPT

Читај повеќе

Mozilla додава AI Window во Firefox за разговор со AI асистент

Читај повеќе
  • play_arrow

Gran Turismo 7 добива една од најголемите надградби досега

Читај повеќе

Колку сме блиску до глобален квантен интернет?

Читај повеќе

Backbone го претстави Pro Xbox Edition контролерот со Bluetooth и ажуриран дизајн

Читај повеќе

ДНК потврди: Едно семејство во истото германско село живее 3 илјади години

Читај повеќе

WhatsApp наскоро ќе овозможи допишување со корисници на други апликации

Читај повеќе

PlayStation 5 ги надмина во продажба сите Xbox конзоли

Читај повеќе