Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје подигнаа приближно 150 кубни метри неправилно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Аеродром, Центар и Бутел.

„Во рамките на активностите е комплетно расчистен реонот околу градските гробишта во Бутел, каде што се отстранети речиси 60 кубни метри отпад од диви депонии. Интервенирано е и околу мостот 'Беласица' во близина на Железничката станица каде што се подигнати и транспортирани 40 кубни метри отпад од јавна површина, улиците 'Владимир Комаров' во Општина Аеродром, 'Васил Чакаларов' во Општина Карпош, 'Ферид Мурад' во Општина Чаир и 'Борис Сарафов' во Општина Ѓорче Петров, како и долж булеварот 'Илинденски одреди'“, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.