Пародија на интервјуто за BBC: Како би реагирала жена?
Помина една недела откако семејството на Роберт Кели стана интернет сензација кога неговите деца и сопругата влетаа во собата зад него додека тој даваше интервју во живо за BBC.
Исто така не стивнуваат реакциите за тоа како тој се однесувал за време на инцидентот.
Кејт Вордсворт за комичното шоу Jono and Ben од Нов Зеланд сними пародија на интервјуто во која покажува како мајка би се снашла во незгодната ситуација.