Пентагон: Русија и Кина развиваат оружје за уништување на американските сателити

Американското Министерство за одбрана во својот извештај тврди дека Кина и Русија работат на развој на оружје со цел уништување на американските сателити, пишува Bloomberg.

Извештајот насловен „Challenges to Security in Space, 2022“ (Предизвици за безбедноста во вселената, 2022) е продолжение на сличен извештај од 2019 година. Иако носи нови информации и промени кои се случија во изминатиот период, сепак не содржи информации засновани на разузнавачки информации кои би биле пресудни за однапред донесување одлуки додека Пентагон се подготвува да направи нацрт-буџет за 2023 година. Геополитичката неизвесност предизвикана од рускиот напад на Украина најверојатно ќе го зголеми воениот буџет следната година.

Во извештајот се наведува дека Кина значително го зголемила бројот на своите разузнавачки и надзорни сателити во последните години. Во периодот меѓу двата извештаја, Кинезите речиси го удвоија бројот на своите сателити, така што бројот на оперативни системи сега е повеќе од 250. Само САД имаат повеќе сателити.

Кинеската војска контролира повеќе од половина од светските ISR системи кои можат да се користат за следење на американските и сојузничките сили насекаде во светот, вклучувајќи ги Корејскиот Полуостров, Индискиот Океан, Јужното Кинеско Море и Тајван.

Извештајот предупредува на ризикот што им се заканува на вселенските операции на САД од зголемениот број лансирања, особено оние со тежок товар и оние поврзани со тестирање на антисателитски технологии.

Се наведува и дека Русија работи на ласерско оружје насочено кон американските служби во вселената. Ова оружје ќе стане оперативно во оваа деценија.

Беше истакнато дека Кина веќе има ласерски системи кои можат да се користат за уништување на сателитски сензори. Во следните неколку години, Кина би можела да има високоенергетски системи кои би претставувале закана и за неоптичките сателити.

Содржината на извештајот ќе се користи во процесот на донесување одлуки за политиката на САД поврзана со вселената.

реклама

Вести

Google „отклучи“ тајна функција: Вашиот Android телефон наскоро ќе биде значително побрз

Read more

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Read more

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Read more

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Read more
 

Гик

Google „отклучи“ тајна функција: Вашиот Android телефон наскоро ќе биде значително побрз

Читај повеќе

Лаптопите можно е да поскапат и до 40% годинава

Читај повеќе

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Читај повеќе

Што имало во ковчегот што пред 127 години паднал „од небо“?

Читај повеќе

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе