ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Пеп се жали: Сите навиваат за Ливерпул пред Сити

Со предност од 3 бода и исто толку кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Манчестер Сити е на добар пат да ја одбрани титулата пред Ливерпул.

Откако Ливерпул во саботата киксна против Тотенхем играјќи 1:1, а Манчестер Сити синоќа го декласираше Њукасл со 5:0, разликата од еден бод порасна на три. Но, се чини дека огромното мнозинство на неутрални фудбалски фанови на Островот преферира „Црвените“ на харизматичниот Јирген Клоп да станат шампиони отколку „Граѓаните“ предводени од Жузеп Гуардиола.

„До пред една недела никој не веруваше дека ќе бидеме шампиони. Сите во оваа земја навиваат за Ливерпул, медиумите и сите останати“, се пожали Пеп говорејќи за beIN SPORTS.

„Се разбира дека Ливерпул има неверојатна историја во Европа. Не во Премиер лигата - таму освоија една титула во 30 години. Но, ситуацијата е таква каква што е, Мора да освоиме 9 бода, можеби и 6“, додаде каталонскиот стратег кој шеста сезона е на клупата на „Граѓаните“ и ја брка својата четврта премиерлигашка титула.

Финалниот поход кон титулата за Сити почнува в среда кога тимот ќе му гостува на Вулверхемптон Волвс. Потоа в недела игра дома со Барнли, тим кој грчевито со бори за опстанок.

„Сѐ зависи од тоа што ќе се случи во наредните два натпревара. Во среда ќе биде вистинско финале за нас. Нашата судбина е во наши раце, а тоа е многу важно“, смета тој.

Во случај Манчестер Сити и Ливерпул да завршат со ист број на бодови, според правилата на Премиер лигата ќе одлучува општата гол-разлика. Доколку таа е идентична, тогаш шампион ќе биде тимот кој има повеќе постигнати голови. Доколку и по овој критериум се исти, дури потоа ќе се гледа меѓусебниот дуел. Моментално Сити има подобра гол-разлика од +68 наспроти +64 на Ливерпул.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе