Репрезентативецот на Словенија во ски скокови, Петер Превц, ја заврши кариерата. Превц го освои шестото место во скијачките летови на Планица.
Пред 20.000 гледачи на култната скокалница, Превц имаше скокови од 233,5 и 226,5 метри и освои 422,4 бодови, што беше доволно за шестото место, односно третото место севкупно во генералниот пласман на ски скоковите.
По последниот скок на Превц, на кој судиите му дадоа симболична оценка 22, Меѓународната скијачка федерација го прекина натпреварувањето на неколку минути за да му оддаде признание на 31-годишниот Словенец за неговата успешна кариера.
Го чекаа бројни пријатели и семејството предводени од неговиот брат Домен Превц, кој денешниот натпревар го заврши на второто место.
Петер стави крај на успешната кариера во која, меѓу другото, освои 4 олимписки медали во ски скокови, како и медали на светските првенства во ски скокови и ски летови.
Победник е на Новогодишната турнеја 4 скокалници во 2016 година, три години по ред ја освојуваше титулата во Светскиот куп во скијање (2014, 2015, 2016), е поранешен светски рекордер и првиот спортист кој прелетал 250 метри.