Почина маж во пожар во Штип

Почина маж од Штип кој се задушил во собата во која живеел. Утринава пред 7:30 часот во Полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на пожарникарите, кои биле на местото на настанот.

Пожарот се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а  сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба и ја повикал противпожарната служба. И покрај брзата интервенција кај 68-годишниот маж е констатирана смрт.

Полициски службеници  беа на местото на настанот, увид изврши Јавен обвинител, а смрт е констатирана од страна на Брзата помош Штип.

Командирот на територијалната противпожарна единица Штип, Дарко Коцев истакна дека на терен излегле со две возила и седум пожарникари утринава во 7:20 часот. На местото е затекнато изгорено човечко тело при што веднаш се повикани екипите на брзата помош и полицијата.

Лекарите констатирале дека нема траги на насилство врз починатото лице, а истражните органи треба да откријат како настанал пожарот. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе