Полнењето на електричните автомобили во Италија поскапо од гориво

Големото поскапување на електричната енергија драстично ги зголеми трошоците за возачите на електрични автомобили, покажува неодамнешно истражување во Италија.

Полнењето електричен автомобил во Италија денес чини 161% повеќе отколку минатата година - поради цената на електричната енергија, објави италијанската веб-страница Facile.

„Поради зголемувањето на цените на енергијата, во некои случаи, полнењето на електричен автомобил е поскапо отколку традиционален. А, пак, доколку го полните на јавна станица за полнење наместо дома, цените се уште повисоки“, стои во извештајот.

Експертите проценија дека претходните трошоци за полнење на електричен автомобил во државата биле 50-70% пониски отколку полнењето модели на бензин или дизел. Сега, полна батерија  на „зелен автомобил“ може да чини и повеќе од полн резервоар гориво.

Истражувањето потенцира дека за мали автомобили од сегментот B, бензин за километража од 1.000 километри би го чинел сопственикот 83 евра. За дизел автомобил трошоците би биле 71 евро. За разлика од нив, автомобил со електричен мотор би чинел 85 евра за да го извози истото растојание, иако пред само една година таа сума изнесуваше само 33 евра.

Според АРЕРА (италијанското Регулаторно тело за енергија, мрежа и околина), во третиот квартал од 2022 година т.н. унифицирани национални цени за електрична енергија се зголемиле за речиси четири пати споредбено со првиот квартал. Согласно тоа, АРЕРА презела дополнителни мерки со цел да го запре идното покачување на цените на струјата. Севкупно, едно просечно италијанско семејство се очекува на струја да потроши во просек по 1.322 евра годишно, додека во 2021 година просечниот трошок за струја изнесувал 632 евра.

Тарифите за струја во Италија забележаа рекорден пораст минатиот месец, надминувајќи 136% на годишно ниво, според студија објавена од Националната унија на потрошувачи. Водечкото лице на главниот енергетски италијански гигант Nomisma Energia минатата недела рече дека Италија, заедно со остатокот од Европа, очекува енергетски шок од невидени размери, бидејќи цените на струјата речиси се удвоија. Според него, Италијанците треба да се подготват за рационално трошење за време на студените зимски месеци. Тој, исто така, апелираше домаќинствата да употребуваат алтернативни методи за греење, како горење дрва и пелети, иако додаде дека и цените за нив се покачени.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе