Последици од падот: Колку двата часа без Facebook и Instagram го чинеа Марк Закерберг?

Додека многу корисници беа принудени да поминат два часа без нивните омилени социјални мрежи, компанијата Meta, која ги поседува двете платформи, собира што и колку изгубила.

За помалку од два часа кога Facebook беше недостапен ширум светот овој вторник, сајтот DownDetector, кој обезбедува информации во реално време за статусот на различни онлајн платформи, забележа дури 650.000 пријави од целиот свет за проблеми со работата на оваа социјална мрежа.

За Instagram, другата голема глобална социјална платформа која доживеа оперативни проблеми, DownDetector доби околу 150.000 пријави.

И додека многу корисници беа принудени да поминат два часа без нивните омилени социјални мрежи, Meta, компанијата која ги поседува двете платформи, брои што и колку изгубила.

Кога во октомври 2021 година Facebook и апликацијата за разговор WhatsApp беа прекинати нешто подолго од 6 часа, магазинот Fortune процени дека тоа претставува загуба на приход од околу 100 милиони долари за тогашната компанија, потсетува Unilad.

Проценката е направена врз основа на тогашните податоци за приходите кои изнесувале околу 320 милиони долари дневно или 13,3 милиони на час.

Денес, во 2024 година, Facebook сигурно наплаќа малку повеќе пари за рекламирање, па логично е дека загубата на Meta во вакви ситуации ќе биде многу поголема и покрај тоа што прекинот овој пат траеше нешто помалку од 3 часа.

„Минатогодишниот приход на Facebook сајтовите беше 84,2 милијарди долари. Така, за секоја минута прекин тие губат околу 160.000 долари, што е 2.670 долари во секунда“, се вели во проценката на Unilad објавена на профилот @WhatDope на платформата X.

Според Ден Ајвс, директор на Wedbush Securities, која се занимава со безбедност на интернет, Марк Закерберг изгубил околу 100 милиони долари приход како резултат на завчерашниот колапс на социјалните мрежи на неговата компанија, пишува Daily Mail.

Медиумите јавуваат и дека цената на акциите на компанијата Мета, по пристигнувањето на првите извештаи за прекин на работата на нејзините платформи, најпрвин паднала за 1,5%, а подоцна, кога се решил проблемот, пораснала за 1,6%.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Интернет

Најбогатата ѕвезда на OnlyFans со совет до девојките кои сакаат да отворат профили на платформата

Read more

Instagram има адут во трката со TikTok

Read more

Meta воведува тинејџерски профили за Facebook и Messenger

Read more

Каде завршуваат фотографиите што AI ги претвора во Ghibli илустрации?

Read more
 

Гик

Крај на дебатата: Нема докази дека 5G е штетна по здравјето

Читај повеќе

Android 16 е значително побезбеден и поотпорен на измами

Читај повеќе

Nintendo без милост кон пиратеријата

Читај повеќе

Што ја „цица“ батеријата на вашиот телефон?

Читај повеќе
  • play_arrow

Авантуристичката игрица Marvel 1943: Rise of Hydra одложена за 2026 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои биле Морските луѓе? Одеднаш се појавиле на бродови и уништиле цивилизации

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

DJI го претставува дронот Mavic 4 Pro со подобри камери и поголем дострел

Читај повеќе

Првиот OLED гејминг монитор со 500 Hz во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Новиот Samsung Galaxy S25 Edge е тенок само 5,8 мм

Читај повеќе