Потпишан Колективниот договор помеѓу Министерството за труд и социјална политика и СОНК

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, го потпишаа новиот Колeктивен договор.

– Зголемување на платите на давателите на услуги во јавните установи за деца за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е една од најактуелните новитети во новиот колективен договор, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, потенцираат од МТСП, се надминува проблемот со работното време на воспитувачите и негователите за реализирање на другите програмски активности во други просторни услови во установата или надвор од неа.

– Се обезбедува регрес за годишен одмор, четири часовно платено отсуство од работа во текот на месецот за извршување на итни, лични и неодложни потреби, се зголемуваат правата за слободни платени работни денови во текот на календарската година, се воведуваат јубилејни награди за работа во градинката, информираат денеска од Министерството за труд и социјална политика.

Новиот колективен договор предвидува  учество на синдикален претставник во повеќе комисии во установата формирана од страна на директорот, се воспоставува право на приправникот приправничкиот испит да го полага по втор пат и се зголемуваат роковите за пријава на огласи за вработување во градинките.

Со него, детално се  уредува начинот на распоредување на работникот и обврските на работодавачот и се зголемуваат обврските на работодавачот во делот за безбедност и здравје при работа, надминување и трајно решавање на проблемот на помошно техничките лица во делот на платите и нивен континуиран раст со зголемувањето на минималната плата.

Договорот предвидува и зголемување на додатоците и надоместоците на плата и се зголемуваат правата на работниците за време на штрајк.

Според МТСП, на креирањето на новиот Колективен договор работела работна група во состав на претставници на Министерството и СОНК.

Потписниците на договорот, министерката Тренчевска и претседателот на СОНК, Неделков, изразиле уверување дека новиот колективниот договор претставува унапредување на правата на давателите на услуги во детските градинки.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе