НБА 2020/21

Повредата на Леброн ја засени победата на Атланта

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаја пораз на домашен терен од Атланта Хокс со 94:99, но натпреварот го одбележа повредата на Леброн Џејмс кој мораше да го напушти паркетот.

По првите 12 минути Атланта имаше тесна предност од 25:28. На почетокот од втората четвртина најдобриот светски кошаркар, Леброн Џејмс, поради повреда на десниот глужд го напушти теренот, а повредата ја доби откако противничкиот играч Соломон Хил ненамерно, но крајно незгодно падна врз неговата нога.

Џејмс успеа да стане, дури и се врати на терен и погоди тројка, но за брзо излезе од игра и замина во соблекувалната по што веќе не се врати.

Remote video URL

И без него шампионот се држеше, на полувреме водеше со 53:52, но потоа значително се почувствува отсуството на Леброн. Атланта едно време дојде и до двоцифрена предност, а до крајот го задржа водството и славеше со 5 поени разлика.

Најефикасен на паркетот беше гостинскиот играч Џон Колинс со 27 поени и 16 скокови, а после него беше Монтрез Харел од Лејкерс со 23 поени и 11 скокови. Италијанецот Данило Галинари заврши со 18 поени.

Ова беше 14-ти пораз за бранителот сезонава кој останува трет на Западот зад Јута Џез и Феникс Санс. Атланта е 4-та на Истокот.

Резултати:
Лос Анџелес Лејкерс - Атланта Хокс 94:99
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс 111:103
Филадекфија 76ерс - Сакраменто Кингс 129:105
Милвоки Бакс - Сан Антонио Спарс 120:113
Лос Анџелес Клиперс - Шарлот Хорнетс 125:98

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе