Колку често не сфаќаме дека со помош на импровизирани средства можеме чуда да направиме... Земете шишенце 3% хидроген (водород пероксид) и погледнете го - во вашите раце држите богатство.
Ова се 16 начини на кои можете да имате полза од хидроген:
– Ги отстранува дамките од белата облека. Ставете малку хидроген на дамката, истријте ја и гледајте како исчезнува.
– Додадете малку хидроген во средството за чистење на подот. Избришете и уживајте во сјајот и убавината на вашиот дом.
– Измешајте 25 гр 3% хидроген и 1 л вода. Прснете ги растенијата со овој раствор и спасете ги од габи и штетници. На овој начин ќе им го зајакнете имунитетот.
– Растворете малку хидроген во литар вода и со него измијте ја косата пред да ѝ ставите шампон. Ќе видите како вашата коса ќе биде посјајна од било кога.
– Додадете неколку капки во ладна вода и во неа натопете го овошјето. Потоа исплакнете го. Ова е одличен начин да се ослободите од пестицидите што се испрскани врз овошјето.
– Во сунѓерчето додадете неколку капки хидроген и тријте ја работната маса во кујната. Ќе блесне како нова.
– Исплакнете ја устата со 3% водород и ќе ги избелите забите.
– Со хидроген може да се исчисти и фрижидерот. Користете раствор од хидроген и вода, со него пребришете го фрижидерот и ослободете се од непријатните мириси.
– Премачкајте ги плочките од купатилото на кои се појавила мувла. Оставете да отстои две минути, па исчистете и мувлата ќе исчезне.
– Ако имате мрсна кожа, можете да ја пребришете со хидроген. Тоа ќе ја спречи појавата на акни.
– Измешајте мала количина хидроген и маслиново масло. Ова е одлична мешавина за чистење на ушен восок.
– Измијте ги нозете во раствор од хидроген и ќе исчезнат габите од стапалата и прстите.
– Хидрогенот ќе ги избели белите пожолтени алишта и пешкирите и ќе ја врати нивната мекост. Во машината за перење, во циклусот на плакнење, наместо избелувач за ткаенина истурете половина чаша хидроген. Ќе го добиете истиот ефект за помалку пари.
– Премачкајте го аквариумот со хидроген. Ќе спречи појава на слуз и габи, а нема да им наштети на желките и рибите.
– Земете хартиена крпа, испрскајте ја со хидроген 3% и исчистете го огледалото. Ќе ги отстрани сите дамки, дури и оние најупорните, а огледалото ќе сјае како да е ново.
– Со водород пероксид можете да ги дизинфицирате детските играчки. Нема потреба да купувате скапи марамчиња за дезинфекција. Ист ефект ќе постигнете и доколку детските играчки ги испрскате со хидроген. Тој не е отровен, а ќе ги отстрани бактериите и вирусите кои можат да предизвикаат инфекции и болести.