Предупредување од Германија: Омикрон им се заканува и на вакцинираните и прележаните

Германските политичари утре ќе се состанат во Берлин за да ги изложат стратегиите за борба против петтиот бран на коронавирусот и омикрон варијантата.

Вицеканцеларот Роберт Хабек рече дека очекува мерките да бидат заострени.

„Сигурен сум дека клубовите ќе се затворат и дека ќе ги намалиме контактите во затворен простор и за вакцинираните“, рече Хабек за радиостаницата Deutschlandfunk.

Нови мерки

Премиерот на покраината Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вест ги предупреди Германците оваа година да не прават големи новогодишни забави.

„Построги мерки за приватни собири се опција“, рече Вуст за ARD.

Вест, кој ќе претседава со конференцијата, рече дека федералните и државните влади мора да направат планови за службите за итни случаи, односно полицијата, пожарникарите и така натаму, да можат да продолжат да работат без проблеми дури и кога бројот на инфекции е голем.

„Ќе мораме да разговараме за тоа како да ја одржиме нашата земја функционална кога повеќе луѓе се заразени или ставени во карантин“, рече тој.

Експлозивно ширење

Во својата прва изјава, германскиот експертски совет за коронавирус предупреди дека омикрон претставува закана и за целосно вакцинираните поединци, како и за оние кои прележале COVID-19.

„Ова може да доведе до експлозивно ширење“, се вели во извештајот, додавајќи дека се очекува на некои места болниците да бидат со целосно исполнети капацитети.

Сепак, министерот за здравство Карл Лаутербах категорично ја отфрли идејата за локдаун пред Божик.

Бухнер вели дека Германија има проблем со омикрон бидејќи бројот на вакцинирани не е доволно голем.

„Сепак, кампањата за бустер доза добро напредува меѓу вакцинираните“, рече тој.

Мало зголемување на стапката на инфекција

Според официјалните податоци објавени во понеделникот, најмалку 70,3 отсто од вкупното население на Германија сега се целосно вакцинирани.

Најмалку 26,2 милиони - вкупно 31,5 проценти - исто така примиле бустер доза.

Стапките на зараза во Германија благо се зголемија во понеделникот, по неколку недели пад на бројките.

Стапката на инциденца на инфекција од седум дена достигна 316, во споредба со 315,4 претходниот ден и 389,2 пред една недела.

Околу 116 лица починале од COVID-19 во последните 24 часа, соопштија здравствените власти.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе