Пресврт во случајот Ѓоковиќ: Можеби сепак ќе игра на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ се надева дека ќе игра на Австралија опен во јануари следната година, иако беше исфрлен од таа земја на почетокот на оваа година поради закана за здравјето и јавната благосостојба на населението, односно неговиот став за вакцинација против коронавирусот.

Во исто време му беше одземено правото за влез во Австралија во следните три години. Не е вакциниран, ниту има намера да биде, потврди по освојувањето на Вимблдон, но постои можност да го видиме следната година на првиот Грен слем турнир во сезоната.

„Како што сега стојат работите, не можам да одам во Австралија и Соединетите Американски Држави, но се надевам на добри вести. Верувам дека ситуацијата околу Австралија опен ќе се промени. Нема многу време за УС Опен, но надежта последна умира. Би сакал да играм во САД и Австралија, но ако не можам, тоа нема да биде крај на светот“, изјави Ѓоковиќ по пречекот во Белград.

Постои шанса работите да се свртат во корист на Ѓоковиќ. Според Daily Mail, на Ѓоковиќ би можел да му биде укината забраната што го спречува да дојде во Австралија. Доколку е така, Ѓоковиќ ќе добие шанса да атакува на десеттата титула таму и 22. Грен слем титула порано од очекуваното. Да потсетиме, исто толку има Рафаел Надал, кој моментално води во рангирањето. Роџер Федерер, кој одамна го немаше на терените, остана на 20 титули.

Пресврт?

Што се однесува до Ѓоковиќ и Австралија, владата на новиот австралиски премиер Ентони Албанезе поинаку гледа на случајот на Ѓоковиќ во однос на претходниот. Самиот Албанезе е вљубеник во тенисот, игра неколку пати неделно, а не сака да го осиромаши турнирот со отсуството на еден од најдобрите на сите времиња.

Исто така, тој е во добри односи со Австралиската тениска асоцијација и има намера да влијае на одлуката според која Ѓоковиќ нема право на настап на Австралија опен, пишува Daily Mail. Таа одлука не е на Федерацијата, но пресврт e можен и очекуван.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ за односите во регионот: Зошто мора да се бориме едни против други?

Read more

Сензацијата не запира: 361. во светот влезе во полуфиналето на Ролан Гарос

Read more

Посебен трофеј за посебен човек

Read more

Надал се расплака на збогувањето од Ролан Гарос, го испратија најголемите

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе