Пристигна Oppo A7 – евтин смартфон наменет за гејминг

Кинеската компанија Oppo го претстави новиот модел A7 – смартфон со голем капацитет на батерија и спецификации кои се идеални за љубителите на мобилен гејминг. Атрактивниот изглед на овој телефон комбиниран со моќните перформанси се она што ќе ве привлече уште на прв поглед, а неговата цена ќе ве убеди дека тој е совршеното решение за вас.

Oppo A7 има дисплеј од 6,2 инчи кој има резолуција од 720p, на кој сигурно ќе му се израдуваат оние кои сакаат мобилен гејминг.

Телефонот поседува процесор Qualcomm Snapdragon 450, кој овозможува богати детали при емитувањето на слики. Во зависност од пазарот, овој телефон ќе се продава во конфигурации од 4GB RAM и 32GB внатрешна меморија или 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија. Иако просторот изгледа премногу мал за еден современ телефон, меморијата може да се прошири со помош на microSD картичка.

Oppo A7 е опремен со две позадински камери во комбинација 13MP + 2MP, како и една селфи камера од 16MP. Предната камера ја има и AI функцијата и има посебен Beauty Shot во резолуција од 8MP, која ќе го унапреди снимањето на селфи фотографии.

Она што го прави овој телефон гејмерски е поддршката за HyperBoost, кој претставува одговор на GPU Turbo технологијата која ја користат телефоните на Huawei. Како што велат од Oppo, играчите ќе добијат 31% подобро искуство благодарение на HyperBoost технологијата, а долготрајноста на играњето е обезбедена со батеријата од 4.320 mAh.

A7 користи оперативен систем наречен ColorOS 5.2, кој го користи Android како основа. Уредот ќе биде достапен во четири бои а ќе чини од 200 до 270 евра, во зависност од пазарот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе