Продолжува неизвесноста за иднината на Универзална сала

Советниците на Советот на Град Скопје на денешната 27. седница не ја усвоија иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, односно на Министерството за култура.

Иницијативата, што беше поднесена од страна на коалицијата предводена од советничката група на СДСМ, не беше прифатена откако за неа гласаа само 15 советници од Советот на Град Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска, на прес –конференцијата пред започнувањето на седницата на Советот, одговарајќи на новинарско прашање рече дека иницијативата е покрената од советниците и дека тие треба да одлучат.

- Тоа не е одлука којашто јас како градоначалник можам или сакам да ја направам. Иницијативата беше покрената од советниците, како што впрочем тие ги покренуваат сите иницијативи и за тоа тие самите треба да одлучат. Да видиме во која насока ќе се движи дискусијата и кое е всушност барањето што претендираат да го постават на дневен ред на денешната седница на Советот, рече Арсовска.

Од друга страна, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, неколку пати досега апелираше да се реши статусот на Универзалната сала во Скопје, бидејќи Град Скопје е влезен во најтесниот круг за Европски град на културата во 2028 година.

- Владата е подготвена со сите свои ресурси да ја реализира оваа апликација, бидејќи се работи за прашање од национален интерес, изјави неколкупати досега министерката Костадиновска-Стојчевска.

реклама

Три најопасни жени во Зодијакот

Read more

Десерт на денот: Австрискиот кајзершмарн е сличен на палачинки

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Read more

Македонија

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Read more

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Read more

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Read more

СДСМ: Владата повторно им остава време на трговците да ги покачат цените, нема ефекти од кошничката

Read more
 

Вести

Прво интервју на лидерот на сириските бунтовници: Ја откри целта и стратегијата за соборување на Асад

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски ќе прифати минимална плата од 450 евра ако се усогласат работодавачите и работниците

Читај повеќе

Полициско возило излета од патот Охрид-Кичево: Повредените полицајци пренесени во болница

Читај повеќе

Трендафилов: Минималната плата не само 450 евра, туку и повеќе е барање на работниците

Читај повеќе

Спречен терористички напад на божикен панаѓур во Германија

Читај повеќе

Доаѓа драматична зимска бура во Европа, ќе зафати и дел од Балканот

Читај повеќе

Шанса за Центар: Герасимовски ја полни касата од издадени градежни дозволи

Читај повеќе

Обвинение против 4 лица за предизвикување омраза

Читај повеќе

Изложба (Ре)откружено во Крива Паланка

Читај повеќе