Промовирана поштенска марка по повод 30 години дипломатски односи Македонија – Италија

Во средата во Скопје беше промовирана поштенската марка по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Италија и Северна Македонија, издадена од А.Д. Пошта на Северна Македонија, на иницијатива на Амбасадата на Италија во Скопје, благодарение и на поддршката од македонското Министерство за надворешни работи.

„Сигурен сум дека овој значаен јубилеј ќе даде дополнителен поттик за зајакнување на одличните односи меѓу Италија и Северна Македонија. Во овој контекст, поштенската марка што денеска ја претставуваме заедно со Поштата на Северна Македонија ќе остане да сведочи за искрената соработка и пријателство на нашите земји“, изјави амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

Дизајнот на марката е креација на младиот студент и графички дизајнер Иван Коминовски, кој беше избран на конкурсот што во април го организираше Амбасадата, во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје.

Претставникот на Поштата на Северна Македонија, Гани Дарлишта истакна дека „оваа марка претставува симбол на пријателството меѓу двете земји кој ќе го обиколи светот и ќе отпатува заедно со писмата во многу други земји“.

Секретарот на Сојузот на филателистите, Виктор Габер, кој е и прв македонски амбасадор во Рим, во своето обраќање потсети на најважните историски моменти од воспоставувањето на дипломатските односи, нагласувајќи ја италијанската политичка поддршка изразена уште од самиот почеток за афирмација на земјата на меѓународно ниво.

Синоќа беше и првиот ден од издавањето на комеморативната марка која А.Д. Пошта на Северна Македонија му ја посвети на големиот филозоф и иноватор на ренесансната мисла, Џордано Бруно, по повод 475 години од неговото раѓање.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе