Американската крајбрежна стража ноќеска соопшти дека човечки останки се меѓу доказите пронајдени на местото на остатоците од подморницата „Titan“.

„Во внатрешноста на остатоците од подморницата се пронајдени останки за кои се претпоставува дека се човечки“, се вели во соопштението.
Соопштението дојде речиси една недела откако властите утврдија дека подморницата имплодирала во Северниот Атлантик, при што загинале сите пет патници.
Посмртните останки, кои ќе ги анализираат американски медицински експерти, беа меѓу доказите од подморницата што пристигна на канадскиот брег во средата.

Компанијата која ги поседува пловилата, а кои со далечински управувач што ги изнесоа останките на „Titan“ на површината, Pelagic Research Services, досега „успешно ја заврши“ работата на море, изјавија за CNN.
Бело парче како чинија и друго парче со слична големина со јажиња и жици покриени со бела церада беа меѓу остатоците извадени на пристаништето на канадската крајбрежна стража во Сент Џон'с, Њуфаундленд и Лабрадор.