Протекоа тајни воени планови на САД за Украина, Пентагон истражува кој ги објавил

Макфакс
/ 07.04.2023 / 11:47

На социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за The New York Times високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи што се појавија на Twitter и Telegram, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите, проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети.

Аналитичарите сметаат дека модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации насочени од Москва. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значително нарушување на безбедноста од страна на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи, но доцна во четвртокот вечерта, тие не успеаја целосно. „Свесни сме за извештаите за документи на социјалните мрежи, Пентагон истражува за што се работи“, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Документите би можеле да им дадат многу информации на руските воени планери, генерали или разузнавачки аналитичари, што тие дотогаш ги немале.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе