Путин: Мариупол е ослободен, нема веќе борби

Мариупол е „ослободен“ и таму нема повеќе борби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и ги повика украинските борци Азов и маринци да се предадат и порача дека животот им е загарантиран.

Огромната фабрика за челик Азовстал е последната локација контролирана од украинските сили во Мариупол. Киев треба да „преземе одговорност“ за војниците во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, му рекол Путин на Ердоган, се вели во соопштението на Кремљ.

Путин ги повика украинските војници во Азовстал да го положат оружјето.

„На воените заробеници им се гарантира живот, медицинска нега и третман во согласност со меѓународните правни стандарди“, се вели во соопштението на Кремљ.

Украина вчера соопшти дека Обединетите нации треба да бидат „иницијатор и гарант“ за секој договор за евакуација што ќе мора да се спроведе во присуство на Црвениот крст.

Зградите на комплексот се во голема мера уништени, но украинските борци се кријат во големата мрежа на подземни тунели од каде продолжуваат да им пружаат отпор на Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу илјада цивили и стотици ранети се кријат таму, во катастрофални услови, без вода и храна.

Украина соопшти дека ќе ги прекине преговорите со Русија доколку бидат убиени и последните борци на Азовстал. Ердоган во неделата разговараше и со Зеленски за евакуацијата.

„Претседателот Ердоган ја изрази својата подготвеност да обезбеди секаква помош што може во преговарачкиот процес и сета потребна поддршка, вклучително и посредување“, соопшти официјална Анкара.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе