На 21 март во данската престолнина Копенхаген ќе биде извршена жрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија на жрепката е сместена во вториот шешир заедно со Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција.
Во квалификациите ќе настапат 32 репрезентации. Трите скандинавски домаќини и актуелниот шампион Франција веќе изборија место на континенталното првенство.
Покрај нив на ЕП ќе патуват по две најдобри селекции од осумте квалификации групи.
Германија
Шпанија
Унгарија
Исланд
Хрватска
Словенија
Португалија
Холандија
Македонија
Австрија
Црна Гора
Србија
Полска
Чешка
Фарски Острови
Грција
Босна и Херцеговина
Словачка
Белгија
Швајцарија
Романија
Литванија
Украина
Италија
Финска
Израел
Естонија
Грузија
Турција
Луксембург
Косово
Латвија