Ракот на дебелото црево сѐ почест кај младите, една навика е главната причина

Според новата студија објавена во списанието Cancer, Epidemiology, Biomarkers, & Prevention, дијагнозата на напреднат карцином на дебелото црево станува сѐ почеста кај младите луѓе во САД, а лекарите не се сосема сигурни зошто оваа болест денеска сѐ повеќе ги погодува младите луѓе на околу 20 или 30 години.

Истражувачите ги проучувале резултатите од околу 16 студии спроведени на околу 100.000 пациенти кои развиле подтип на рак на дебелото црево кој е исклучително агресивен и познат како аденокарцином. Истражувачите ги проучувале трендовите врз основа на стадиумот на ракот, возраста и видот на ракот и расата на пациентот. Податоците се поделени на периоди од 2000 до 2002 година и 2014 и 2016 година.

Студијата покажа дека на луѓето во нивните 20-ти се повеќе им се дијагностицира рак на дебелото црево во неговите подоцнежни фази кога болеста е многу потешка за лекување. Посочуваат дека забележале зголемување од 133 отсто кога се работи за дијагностика на ректален карцином, додека кај испитаниците кои имаат 30 години има зголемување за 97 отсто, а кај лицата на возраст од 40 години дури 48 отсто. Се чини дека возраста не е единствениот фактор бидејќи забележале и разлики во расите каде што Афроамериканците и Латиноамериканците во нивните 20-ти ќе имаат највисока стапка на откривање на рак во доцна фаза, за разлика од другите групи.

Што е рак на дебелото црево?

Од вкупниот број на новозаболени од рак, околу 15% од мажите и 13% од жените заболуваат од рак на дебелото црево. Најчесто, полипите кои неконтролирано растат во цревата се вклучени во развојот на ракот и тие со текот на времето можат да се претворат во рак, се вели во соопштението на Американскиот центар за рак. Може да се дијагностицира во секое време од животот, но најчесто кај луѓе над 50 години.

Зошто ракот на дебелото црево сѐ почесто се дијагностицира кај младите луѓе?

За жал, не постои дефинитивен одговор, но неодамнешните студии веруваат дека исхраната може да го зголеми ризикот од развој на овој рак. Д-р Никет Сонпал, професор по медицина, верува дека тоа е можно бидејќи денес исхраната се заснова на поголем внес на масти и месо, наместо на овошје и зеленчук.

Д-р Ендрју Воренберг, хирург, додава дека сигурно има некои надворешни фактори кои влијаат на телото и предизвикуваат мутации, а тоа се совпаѓа со зголемениот број на дијагнози кај младите. Тој, исто така, смета дека науката сè уште не утврдила целосно кои се факторите, но секако се работи за необична појава која е алармантна.

Д-р Харви Кауфман, смета дека сè може да биде поврзано со зголемената инциденца на дебелина кај децата, иако се потребни повеќе истражувања.

Како да го спречите?

Има насоки кои нудат начини на превенција, а се однесуваат на вклучување во програмата за рано откривање полипи и рак, што е можеби најважниот чекор. Ваквите тестови ќе ги откријат и најмалите полипи, а потоа многу лесно може да се отстранат.

„Она што сакам да го истакнам се прегледите кои треба да се започнат навреме, дури и кога се во прашање помладите, особено оние кои веќе го имале овој рак во семејството“, вели д-р Кауфман.

Симптоми и знаци на рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево расте бавно и по подолго време, кога е доволно голем, предизвикува симптоми. Симптомите на ракот на дебелото црево зависат од локацијата на ракот и неговата големина. Бидејќи десниот, почетен дел од дебелото црево, е поширок, а содржината во цревата е воденеста, симптомите на болеста се јавуваат подоцна. Кога е голем, понекогаш може да се почувствува преку абдоминалниот ѕид. Ракот може да крвари, а крварењето е обично бавно. Единствениот знак на болеста може да биде анемија поради губење на железо преку крварење и општа слабост. Левата страна на дебелото црево е потесна, содржината во цревата е погуста, а ракот е обично кружен. Ова е причината за затнувањето на столицата поради отежнатото минување низ стеснетиот дел на цревата. Сепак, може да се јави зачестено празнење на дебелото црево, до дијареа.

Поради стеснување на цревата на местото каде се јавува ракот, и отежнато минување на столицата, може да се појават болни грчеви, а столицата може да се меша со крв. Ако ракот се наоѓа во излезот на дебелото црево, крварењето од дебелото црево, кое се јавува заедно со столицата, е најчест знак на болеста. Има и лажни нагони за празнење или чувство дека цревото не е целосно испразнето.

Доколку се присутни хемороиди со крварење, завршниот дел од дебелото црево секогаш треба да се испита за да се увери дека не е рак, особено кај постарите лица. Ракот може да се прошири на околните органи или преку крвта до далечни места. Така ширењето кон мочниот меур може да предизвика негово воспаление, а може да се прошири и кон желудникот ако се наоѓа во попречниот дел на дебелото црево или кон тенкото црево.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Здравје

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе