Реконструкцијата на Универзална сала ќе ја преземе Министерството за култура

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа на средба кај градоначалничката Данела Арсовска, изјави дека добиле согласност од скопската градоначалничка за Универзалната сала целосно да ја преземе Министерство за култура.

– Имаме комплетна согласност заеднички да работиме на тој проект, со тоа што Министерството за култура ќе ја преземе Универзална сала, изјави по средбата министерот Пенов.

Тој нагласи дека со Арсовска разговарале и за други проекти кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани како што се подземниот премин кај Рамстор кој излегува кај Нова Македонија, мостот во Карпош на улица „Љубљанска“ кон Момин Поток, како и мостот во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи, а кои заради значење за скопјани Владата е заинтересирана побрзо да профункционираат. – За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска, изјави Пенов.

Од прес-службата на Град Скопје потврдија дека градоначалничката Данела Арсовска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска на заедничка средба во Градот Скопје донеле заеднички заклучок во однос на Универзална сала дека треба да продолжи нејзината реконструкција како проект од поширок државен интерес.

– Донесовме заеднички заклучок дека изградбата на Универзалната Сала во Скопје е од исклучителен интерес за скопјани, но и за цела Македонија. Се договоривме дека во следните денови ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за истото ќе ни се обрати Министерството со писмено барање за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Универзалната сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение кое истовремено ќе биде и безбедно, стои во соопштението од одделението за односи со јавност на Град Скопје.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе