Реконструкцијата на Универзална сала почнува, парите се обезбедени

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела.

„Одата заврши. Изодевме по подолгиот и по потешкиот пат, но ја собравме целата документација потребна за реконструкцијата на објектот. Процесот е завршен, и наредната недела изведувачот веќе може да започне со расчистување и со работа. Парите се обезбедени и реконструкцијата може да започне“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека никој не претпоставуваше дека откако Министерството за култура го презеде правото за обнова на Универзална, дури и по четири ургенции до градоначалничката, до службите и до Советот на Град Скопје, Министерството нема да добие одговор.

„Тимот на Министерството за култура преку Министерство за правда и преку сите релевантни чинители што биле вклучени кога проектот за реконструкција и доградба за Универзална сала се направил, упати ургенции и успеа да ги собрере сите релевантни документи потребни за финализирање на административната постапка. Останува уште да се потпише банкарска гаранција и реконструкцијата може да почне“, објасни Костадиновска-Стојчевска.

Додаде дека во Министерството за култура во изминатиов период интензивно се работеше на обезбедување на потребната документација, но и на обезбедување услови за продолжување на реконструкцијата, за што говори и обезбедувањето средства за 2024 година, како и обезбеденото три годишно финансирање.

„Со повеќегодишна јавна набавка обезбедивме овој процес кој не смее да се доведе во прашање, да нема никакви пречки до негова крајна реализација“, појасни министерката за култура.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе