Реми во Торино, Меси го реши Арсенал

Јувентус и Баерн ремизираа 2:2, додека Барселона славеше во Лондон над Арсенал со 2:0, во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите. Брилијантен натпревар во Торино одиграа Јувентус и Баерн, кој на крајот заврши без победник иако Баварците имаа предност од 0:2.

Еден час Баерн доминираше во Торино, Јувентус никако не успеваше да најде одговор за пресинг играта на фудбалерите на германскиот првак.

Таквата игра му донесе на Баерн водство од два гола, Милер најпрвин промаши една шанса во 22.минута, но во 43-та рутински реализираше за 0:1. Предноста ја зголеми Робен 12 минути подоцна.

Од тој момент Јувентус започна да игра, Кимих загуби топка во опасната зона, Манџукиќ го проигра Дибала, а 22-годишниот Аргентинец го совлада Нојер во 63.минута.

Веднаш по тој гол Јувентус имаше шанса за израмнување, Манџукиќ асистираше за Квадрадо, но голманот на Баерн го одбрани неговиот удар.

Добрата игра Јувентус ја материјализираше во 78.минута, Мората му асистираше на Стураро за 2:2.

Барселона рутински го одработи мечот во Лондон и го запиша 33-от натпревар без пораз во сите конкуренции.

Барса во првиот дел ја контролираше играта, Арсенал имаше неколку обиди, од кои најдобриот беше на Окслејд-Чемберлен во 22.минута. На спротивната страна Луис Суарез ја имаше најсериозната шанса за водство за Барселона во 45.минута.

Арсенал прв се закани и во вториот дел, на истекот на 60.минута, Монреал нафрли, а Тер-Штеген на гол линијата го запре ударот на Жиру.

Во 71. минута Барселона одигра школска контра, во која актери беа тројцата најдобри во тимот, а потоа го проигра Меси кој го совлада Чех. Овој гол беше прв за Меси против искусниот чешки голман, кој во претходните шест соочувања не прими гол од Аргентинецот.

Конечниот резултат го постави Аргентинецот во 83 .минута, откако избори пенал. Фламини кој само неколку минути претходно влезе во игра невнимателно стартуваше врз Меси, кој пеналот го претвори во гол.

Реванш натпреварите, во кои домаќини ќе бидат, Баерн и Барселона ќе се одиграат на 16. март.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more
 

Спорт

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе