РФМ приходот од ракометниот спектакл ќе го донира во „СОС Детско село“

Ракометната федерација на Македонија, со особена чест и задоволство го најавува мечот на деценијата, во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар, кој ќе се одигра на 3 јануари 2023 година со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде од хуманитарен карактер, објави РФМ.

Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт.

До денес, своето присуство на теренот го потврдија: Алушевски  Стевче, Ангелов  Петар, Ангеловски Бранко, Ѓоргоновски Горан, Даскаловски Златко, Димовски Ванчо, Јовиќ Александар, Кузмановски Горан, Јоновски  Ацо, Лазаров Кирил, Лазаров Филип, Макаловски Гоце, Марковски Велко, Миркуловски Филип, Митков Влатко, Мојсовски Златко, Мојсовски Наумче, Недановски Владо, Ристовски Борко, Стоилов Митко, Стоилов Столе и Стојановиќ Раде, како и добро познатите селектори Илија Темелковски и Звонко Шундовски.

Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните.

Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која ќе настапат македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија.

Билетите, во ограничен број, ќе бидат во продажба од 19 декември 2022 година преку мрежата на МК Тикетс по цена од 250 и од 300 денари.

Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. 

Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност, информираа од федерацијата. 

Тагови
реклама

УХМР издаде предупредување за невреме на ниво на цела држава

Read more

Брнабиќ: 500.000 луѓе во земја со 3,5 милиони жители извикуваа „За дом, спремни“

Read more

Од 21 јули Грција им наплаќа нова такса на туристите

Read more

Украина ноќеска со дронови ги нападна Москва и Санкт Петербург

Read more

Ракомет

Алкалоид доби германски противник во квалификациите за Европската лига

Read more

Нови ракометни правила: Топката се намалува и се забранува лепакот?

Read more

Земја со помалку жители од Битола станува ракометна сила: Освоија нов медал

Read more

Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Снуп Дог му се придружи на Модриќ - стана ко-сопственик на Свонси

Читај повеќе

АБА со 18 клубови: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Читај повеќе

Вардар по заверка, Силекс и Работнички во невозможна мисија

Читај повеќе

Јокиќ, Адетокунбо и Дончиќ во ист тим? Нешто се готви...

Читај повеќе

Русија нема право на настап на Олимписките игри, но сака да биде домаќин

Читај повеќе

Уште една ѕвезда ги напушти Санс: Бредли Бил има нов клуб

Читај повеќе

Познатата фотка на Ибра доби нова верзија и стана насловна на популарна игрица

Читај повеќе

Маурицио Сари примен во болница

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде исчезна Чеферин?

Читај повеќе