Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, се надева дека Бундеслигата ќе послужи како пример за останатите првенства во однос на мерките преземени за продолжување на првенството по паузата поради пандемијата.
– Бевме први што започнавме и се надевам дека ова ќе послужи како пример за другите земји. Стискам палци и за фудбалот во Италија, рече Румениге за La Gazzetta dello Sport.
Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила.
– Ако играчите се одговорни и дисциплинирани, ние имаме шанса да ја завршиме сезоната, додаде 64-годишниот Румениге.