Русија се збогува со Михаил Горбачов, последниот советски претседател

Б.С.Б.
/ 03.09.2022 / 15:29

Денес во Москва беше погребан Михаил Горбачов, последниот советски претседател со што заврши една голема ера во историјата на политиката.

На испраќањето на Горбачов присуствуваа голем број граѓани кои се збогуваа од последниот советски лидер. Пријатели на Горбачов, како и негови роднини, седеа покрај ковчегот, а во близина се наоѓаа и војници од почесната гарда.

„Овде сум да му изразам почит на овој голем човек. Презеде товар кој никој од нас не можеше да го преземе и по тоа треба да го паметите, и покрај зборувањата на луѓето. Кој нема згрешено, кој не направил грешка? Треба да му простиме. Никогаш не ни требаше да го обвиниме за што било“, изјави Галина Иванченко.

Иако се очекуваше на погребот да присуствуваат и најважните луѓе во Русија, тоа не се случи. Рускиот претседател Владимир Путин и рускиот премиер Михаил Мишустин испратија венци во знак на сеќавање на Горбачов, а слично направија и претставници од регионот и државни компании.Во Домот на синдикати сепак присутен беше Дмитриј Медведев.

Уште порано се зборуваше дека Путин и Горбачов не биле во добри односи, особено не се сложувале кога станува збор за потегот на Путин во контекст на Украина. Всушност, луѓето блиски со Горбачов биле сведоци колку трауматизиран бил поранешниот советски лидер од настаните во Украина.

„Не само специјалната воена операција која почна на 24 февруари, туку целата еволуција на односите меѓу Русија и Украина во текот на изминатите години беа голем удар за Горбачов. Тоа го скрши емоционално и психички“, вели Павел Палашченко, кој 37 години работел со Горбачов.

„Во разговорите со него беше очигледно дека е шокиран и збунет од тоа што се случува. Веруваше не само во блискоста на рускиот и украинскиот народ, туку дека и тие два народа се измешани“, додаде Павел.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе