Samsung има нов ривал: Huawei претстави телефон кој се витка

Huawei ќе се обиде да го победи Samsung во војната за телефони кои се виткаат, а нивниот адут е новиот уред кој има екран со дијагонала од 8 инчи. Овие две компании се само дел од пазарот каде во последниот месец почнаа да се претставуваат сѐ повеќе телефони и таблети со „екрани на виткање“.

Екранот кој се витка ќе го обезбеди компанијата BOE, која стои и зад искривените OLED панели за Mate 20 Pro. Huawei го достави уредот до корејските оператори, пренесуваат локалните медиуми, за кој изворите тврдат дека не е прототип ниту концепт, туку смартфон кој влегува во сериско производство.

„Во моментов не можеме да го откриеме целосниот дизајн, спецификациите и начинот на користење, но знајте дека телефонот е покомплетен отколку што се очекуваше“, стои во официјалната изјава на Huawei за медиумитe.

Од компанијата велат дека имаат намера да го претстават телефонот како уред со 5G интернет брзина а во 2019, за кога е закажана премиерата на овој телефон, 5G мрежата ќе биде достапна само во Јужна Кореја.

Најверојатно Huawei ќе го претстави уредот на саемот Mobile World Congress во февруари наредната година, а потоа ќе го пушти во продажба во периодот од април до јуни, откако ќе ги заврши обемните тестови на 5G мрежата.

Засега не се знае колку висока ќе биде цената на овој смартфон, но знаеме дека екранот на телефонот ќе биде со дијагонала од 8 инчи кога е целосно отворен, односно 5 инчи кога ќе биде „свиткан“. Овие дијагонали се поголеми од оние на моделот на Samsung, кои изнесуваа 7,3 и 4,6 инчи.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе