Уште посомнителна ситуација

Се јави исчезнатата кинеска тенисерка, вели дека не била силувана

Случајот на исчезнатата кинеска тенисерка Пенг Шуаи доби нов заплет откако China Global Television Network објави писмо во кое тенисерката вели дека е добро и дека одмора.

На 2 ноември Пенг на кинеската социјална мрежа Weibo објави писмо во кое тврди дека била сексуално нападната од кинески политичар, со знаење на неговата сопруга која чувала стража пред вратата.

„Немам аудио или видео докази и беше невозможно да ги направам, но го имам моето многу реално искуство“, напиша Пенг, чиј несакан однос со 40 години постариот политичар продолжил и во следниот период.

Објавата наскоро беше избришана, а тенисерката цензурирана на мрежата. Францускиот весник Le Mond неколку дена подоцна објави дека 35-годишната Пенг исчезнала, а извршниот директор на WTA Стив Сајмон вели дека со неа некое време никој не успеал да стапи во контакт.

Сега е објавено писмо во кое тенисерката тврди дека е добро и дека сите тврдења за силување се неточни. Оваа објава внесе уште поголем сомнеж во целата приказна.

„Во врска со неодамнешните вести на официјалната страница на WTA, содржината ниту сум ја потврдила ниту сум ја верифицирала, објавена е без моја согласност. Вестите од таа објава, меѓу кои и онаа со обвинувањето за силување, не се точни. Не исчезнав, на безбедно сум. Одморам дома, се е во ред. Ви благодарам за грижата.

Ако WTA објави уште вести за мене, ве молам да ги проверите со мене и не ги објавувајте без моја согласност. Како професионален тенисер, ви благодарам од срце. Се надевам дека и понатаму ќе го промовирам кинескиот тенис ако добијам прилика, се надевам ќе бидам се подобра.

Уште еднаш, ви благодарам на сите за грижата“, стои во писмото кое стигна до China Global Television Network , но и до Сајмон.

„Оваа објава само ја зголемува мојата загриженост за нејзината безбедност. Тешко ми е да поверувам дека Пенг Шуаи всушност напишала писмо или дека верува во тоа што пишува во него“, вели Сајмон.

Со него се сложува и кинеско здружение за одбрана на човечките права, кое истакнува дека кинеската влада повеќе пати ги има задржано луѓето кои предизвикале контроверзии, ја контролира нивната слобода и ги принудува да даваат изнудени изјави. Додека Пенг Шуаи не биде слободна, кинеската влада треба да докаже дека не е задржана против нејзина волја, велат од здружението, пишува Guardian.

Сајмон изјави дека кинеската влада го уверува дека тенисерката е на безбедно, но никој од WTA не успеал да стапи во контакт со неа.

URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе