Себастијан Курц се повлекува од политиката: Не сум ни светец, ни криминалец

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми.

Курц денеска излезе пред новинарите и најави оставка од раководството на партијата.

„Ако погледнете наназад на периодот на формирање во вашиот живот и, пред сè, се чувствувате благодарни, можете да се сметате себеси за многу среќен човек“, рече Курц.

Секогаш давав сè од себе

Тој рече дека се надева дека го направил својот дел „да ја придвижи убавата Австрија малку во вистинската насока“.

Како и да е, секогаш давав сè од себе, рече тој. Курц додаде дека има чувство дека го прогонуваат, но дека тоа секогаш го мотивирало него и неговиот тим да бидат што подобри.

„Јас и мојот тим работиме речиси дење и ноќе во последните 10 години“, нагласи Курц.

„Го занемарив сопственото семејство.“

Не сум ни светец, ни криминалец

„Кога ми се роди синот, станав сè повеќе свесен за тоа колку убави и важни работи има надвор од политиката“, рече Курц.

„Треба да бидете 100 отсто ентузијастички настроени за политиката, а тоа сум јас во последните 10 години. Меѓутоа, во последните неколку месеци, недели и денови, страста за политиката исчезна и нејзиниот пламен малку згасна“, тој вели.

На крајот, неговиот секојдневен политички живот најмногу се сведе на бранење од обвинувања, се пожали поранешниот канцелар.

„Не сум ни светец, ни криминалец“, рече Курц.

Претходно поднесе оставка како канцелар

Курц поднесе оставка од функцијата канцелар во октомври, откако обвинителството го испита под сомнение за корупција. Сè уште е партиски лидер и пратеник.

Таблоидот Kronen Zeitung денеска прв објави дека Курц планира да се повлече од улогата на партиски лидер. Тие тврдат дека причина за ваквата одлука е неодамнешното раѓање на неговото прво дете.

Со народни пари плаќал позитивни написи за себе и за партијата

За потсетување, Курц поднесе оставка откако беше покрената истрага поради сомнение дека со пари на австриските даночни обврзници плаќале на медиуми да објавуваат позитивни написи за него и за партијата.

Критичарите го обвинуваат Курц дека го надгледува системот, кој ги заобиколува правилата за прашања како што се финансирањето на партиите и назначувањата во државните компании.

Курц е под истрага во посебен случај за лажно сведочење, но тој тврди дека сите обвинувања се лажни.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе