Седум навики што ни го влошуваат квалитетот на животот

Работите што ги правиме одново и одново обично се прилично безопасни. Но, постојат некои навики кои можат да бидат лоши за нашето ментално здравје и да влијаат на односите, мотивацијата и расположението, односно квалитетот на животот.

Навиките се менуваат со силна волја и желба да се подобриме лично и да живееме подобро, па проверете дали вие сте стекнале некоја од овие седум лоши навики.

Постојано го проверувате мобилниот

Понекогаш често го ѕиркаме мобилниот, дури и без да бидеме свесни за тоа.

„Бараме информации што прават да се чувствуваме добро и поврзани со другите“, изјави експертот за ментално здравје Ванеса Гебхерд за The Sun.

Истражувањето на Универзитетот во Де Монтфорт неодамна откри дека редовното проверување на телефонот може да ги направи луѓето расеани и заборавни и дека оваа навика може да има негативно влијание врз менталното здравје.

„Трошењето премногу време на телефон и на социјалните мрежи може да ја намали самодовербата и да генерира негативни мисли. Внимавајте на времето што го поминувате зјапајќи во екранот и имајте на ум кого одбирате да следите, во какви разговори сте вклучени и фокусирајте се на позитивни објави наместо на негативни.

Денес телефоните имаат опција да следите колку време поминувајте пред екран – и на дневно, и на неделно ниво - па не заборавајте да ја овозможите оваа опција за да можете да следите колку време поминувате на телефон. Некои апликации, како Instagram, имаат опција да ве потсетат кога ќе го пречекорите времето што сами сте си го одредиле за таа забава.

Затворен простор

Многу луѓе научија да седат во затворен простор за време на пандемијата, но треба почесто да излегуваме на чист воздух.

Поминувањето повеќе денови во затворен простор може значително да го зголеми ризикот од депресија. Недостаток на сончева светлина и витамин Д придонесува за појава на симптоми на депресија. Одењето на кратка прошетка може многу да ви помогне. Ако уште работите од дома, испијте кафе и прошетајте низ маало пред да почнете со работа. Природната светлина и движењето ќе ви го подобрат расположението и ќе ви ја зголемат концентрацијата.

Премалку сон

Недостатокот на сон го поттикнува лошото расположение, ја намалува концентрацијата и нѐ прави раздразливи.

Само една недела нарушен сон може да го зголеми нивото на стрес, лутина и чувство на тага. Ако имате проблеми со спиењето, важно е да побарате совет како да излезете од маѓепсаниот круг. Обидете се со техники за релаксација.

Лоша исхрана

Ако често посегнувате по слатки и чоколадо, тоа може негативно да влијае на вашето расположение. Исхраната богата со шеќер, како и онаа што вклучува поголеми количини на црвено месо, може значително да го зголеми ризикот од депресија. Добро внимавајте на она што го јадете и изберете многу овошје, зеленчук и цели зрна.

Недоволно вежбање

Докажани е дека вежбањето го намалува стресот и го подобрува расположението. Редовното вежбање исто така може да помогне во подобрување на нивото на енергија и мотивација, зголемување на чувството на среќа и намалување на симптомите на депресија, анксиозност и стрес. Доволно е да вежбате најмалку 30 минути три до пет пати неделно.

Неправилно седење

Според една студија објавена во Journal of Behaviour Therapy and Experimental Psychiatry, седењето исправено може да ги намали симптомите на депресија. Неколку други студии покажуваат дека доброто држење на телото ги подобрува самодовербата и расположението.

Одолговлекување

На сите им недостасува мотивација во одреден момент. Сепак, одложувањето, одолговлекувањето и избегнувањето на задачите е штетно за менталното здравје и го зголемува стресот.

Тоа се случува затоа што ќе го почувствувате товарот на она што не сте го направиле, а морате. Тоа предизвикува вознемиреност што ви го нарушува менталното здравје.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Живот

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе