Сексуалните работници бараат да бидат вклучени во владините мерки за заштита од коронавирусот

Оваа година, ние сексуалните работници здружени во СТАР, прв колектив на сексуални работници на Балканот, и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини по 13-ти пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17 Декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Овогодинешната кампања насловена „НИЕ” ја посветуваме на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува нашата заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со пандемијата на COVID-19, се вели во соопштението на СТАР.

„НИЕ” е кампања преку која сексуалните работници сакаат да испратат пораки до јавноста и институциите за проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат за време на пандемијата на коронавирусот.

– Сакаме да потенцираме дека сме сериозно погодени од кризата предизвикана од COVID-19, од здравствен, економски и социјален аспект. Кризата нѐ втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба, пишува во соопштението.

Сексуалните работници како особено ранлива популација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нашата заедница од повеќе аспекти.

Клучни барања од институциите за заштита и поддршка на сексуалните работници се да бидат препознати како особено ранлива популација на COVID-19 и последиците од COVID-19, да се формулира пакет социо-економски мерки со цел таргетирана поддршка за оваа заедница, да се обезбеди непречено функционирање на услугите и програмите за ХИВ, намалување на штетите од употреба на дроги, превенција и поддршка на жртви на насилство за време на пандемијата, да им се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, помеѓу кои и олеснет пристап до хормонска терапија на трансродовите лица, да бидат вклучени во процесите на креирање национални протоколи и политики како одговор за време на пандемијата, да се препознае сексуалната работа како работа и да се почитуваат нивните работнички права и да им се обезбеди здравствена и социјална заштита за време на кризата.

– Оваа година, грижејќи се за сопственото и јавното здравје, нема да го организираме традиционалниот Марш на црвениот чадор, меѓутоа ќе одржиме прес-конференција на 17 декември со почеток во 12 часот пред фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“. Прес-конференцијата ќе се одржи во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање на јавни настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на COVID-19 вирусот, истакнаа од СТАР.

Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници првпат беше одбележан во 2003 година, како спомен и бдеење за жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл. Оттогаш, со одбележување на овој ден им се овозможува на сексуалните работници ширум светот да се здружуваат и со заеднички сили да се борат против дискриминацијата и насилството.

Овогодинешната кампања „НИЕ” по повод обележувањето на 17 декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, е поддржана од Фондација Отворено општество – Македонија и SWAN – Sex Workers’ Rights Advocacy Network. 

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе