КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИБА ЕВРОБАСКЕТ 2022

Селекторот Тодоров повика 17 кошаркари и порача: Нѐ чека тежок период

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија повика 17 кошаркари кои ќе треба да одиграат неверојатни 4 натпревари во само 5 дена.

Пред Александар Тодоров е навистина тешка задача. Од 18 до 22 февруари македонската репрезентација во рускиот град Перм ќе ги одигра преостанатите четири натпревари од квалификациите за пласман на ЕвроБаскетот 2022, кој поради многуте одложувања и самиот беше поместен за една година.

Повикани се 17 кошаркари кои денеска во 13 часот ги почнаа подготовките во салата „Јане Сандански“ во Скопје, каде и ќе тренираат сѐ до поаѓањето за Русија утрото на 15-ти.

„Дефинитивно имаме најтежок распоред, бидејќи четири натпревари во пет дена се навистина огромен напор за било кој спортист, не само за еден кошаркар. Но, тоа е што е, ФИБА така проценила, наше е да се подготвиме и да направиме не само тактика, туку и стратегија како да настапиме на овие четири средби во Перм“, вели Тодоров.

Со речиси ист состав како на отворањето на квалификациите пред точно година дена, Тодоров се надева дека Македонија ќе ја оствари и првата победа и на крајот ќе успее да се пласира на континенталниот собир.

„Го имаме речиси идентичниот состав од Талин, со тоа што ги додадовме и оние играчи кои поради позитивни ковид-тестови не беа во можност да отпатуваат за Естонија, како и Теодор Симиќ. Овојпат ќе отпатуваме со 15 кошаркари, како би можеле да ротираме на одредени средби. Нормално доколку се наложи или доколку прецениме дека е потребен одмор за одредени играчи. Се надевам дека ќе ги поминеме и следните два теста за COVID-19, оној в сабота во Скопје и вториот во Перм во понеделник вечер. Доколку немаме поголеми проблеми, сметам дека можеме да дојдеме до посакуваната цел, без разлика што најважниот натпревар со Естонија го играме последен“, додава селекторот, пренесува КФСМ.

Лошо е што токму најважниот натпревар, оној против Естонија, го играме последен кога кошаркарите ќе имаат акумулирано умор од претходните три натпревари.

Повикани кошаркари:
Андреј Магдевски - МЗТ
Кристијан Николов - МЗТ
Дамјан Стојановски - МЗТ
Бојан Крстевски - МЗТ
Филип Бакоч - МЗТ
Лука Савиќевиќ - МЗТ Скопје II
Марко Симоновски - Кожув
Андреј Митревски - ТФТ
Љубомир Младеновски - Работнички
Виктор Ефремовски - Работнички
Дамјан Робев - Куманово
Бојан Трајковски - Пелистер
Војдан Стојановски - Гравлин-Данкерк, Франција
Теодор Симиќ - Барселона, Шпанија
Џејкоб Вајли - Гран Канарија, Шпанија
*Ненад Димитријeвиќ - Жувентуд, Шпанија
*Стојан Ѓуроски - Аликанте, Шпанија

*Ќе се приклучат подоцна на подготовките.

Распоред на натпревари од групата Б:

  • 18 февруари: Италија - Македонија
  • 19 февруари: Италија - Естонија
  • 19 февруари: Македонија - Русија
  • 21 февруари: Македонија - Италија
  • 21 февруари: Русија - Естонија
  • 22 февруари: Естонија - Македонија

Сите натпревари се играат во „Молот“ салата во Перм.

Моментална табела:

  1. Италија 6 3-0
  2. Русија 6 2-2
  3. Естонија 4 1-2
  4. Македонија 2 0-2
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе