Селфи камера под екранот – потенцијално решение за идните смартфони на Samsung

Сите поголеми компании во индустријата за смартфони воведоа модели со поголеми екрани, кои се протегаат од еден до друг крај на телефонот, притоа покривајќи ја целата предна страна од уредот. Поради тоа, потребно е наоѓање на иновативни начини за вметнување на селфи камерата на предниот дел, без да се загрози просторот обезбеден за екранот.

Смартфоните секогаш имаат простор за напредок, а истото важи и за нивните екрани. Примери за тоа се OLED екранот на iPhone XS или пак Dynamic AMOLED на Samsung Galaxy S10, кои се далеку од совршени и имаат „notch“ или мало дупче на екранот.

Крајната цел на сите производители е да направат екран без никакви изрези, дупчиња или било какви подвижни делови кои ја сокриваат селфи камерата.  Samsung би можела да биде првата компанија на која тоа ѝ успеало. Како што е случајот со сензорот за отпечатоци од прст, Samsung работи на интегрирана селфи камера под екранот која ќе работи на истиот принцип.

Потпретседателот за истражување и развој на Samsung, Јанг Бјунг-дук рече дека новиот Infinity-O Dynamic AMOLED екран претставува големо достигнување во сферата на смартфоните, но дека компанијата работи на екран кој се протега низ целата површина на предниот дел од телефонот, под кој ќе биде сместена вградена селфи камера.

Сепак, тој напоменува дека не треба да го очекуваме ваквиот екран во следната серија на телефони од серијата Galaxy, но можеме да се надеваме дека тој ќе се појави некаде во следните две или три години.

реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе