Серијата Galaxy S23 на Samsung ќе има функции за сателитска комуникација

Се чини дека Samsung е подготвен да ги следи стапките на Apple и да обезбеди функции за сателитска комуникација на својата претстојна серија паметни телефони Galaxy S23.

Apple ја претстави функцијата Emergency SOS која работи преку сателит, а ја добија iPhone 14 и iPhone 14 Pro. Оваа функција е резултат на соработката со Globalstar, а сега се чини дека Samsung работи и на сателитска комуникација за своето семејство Galaxy S23. Јужнокорејската компанија има намера да ги реализира своите планови во соработка со компанијата Iridium, која има констелација од 66 сателити во ниската орбита на Земјата.

Samsung веќе две години работи на надминување на техничките предизвици поврзани со овозможување сателитска комуникација за мобилни телефони, а сега се чини дека конечно успеа.

URL

Најголемиот предизвик за сателитски телефон е да ја намали антената што е можно повеќе за да може да се инсталира во паметен телефон без да се удвои неговата големина.

Интересно, Samsung би ја фокусирал сателитската функција повеќе на Северна и Јужна Америка, Европа, Русија и Кина, особено во областите каде инфраструктурата не е добро развиена, бидејќи Јужна Кореја е многу добро покриена со 5G мрежата.

Тагови
реклама

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе