Северна Кореја со закон регулира превентивно користење нуклеарно оружје

Северна Кореја усвои нов закон кој ѝ дава право да изврши превентивен нуклеарен напад во самоодбрана, потег што, според лидерот Ким Џонг Ун, го прави статусот на земјата како нуклеарна сила „неповратен“ и забранува какви било разговори за денуклеаризација.

Овој потег доаѓа во време кога набљудувачите велат дека Северна Кореја се подготвува да продолжи со нуклеарни проби за првпат од 2017 година, откако историските самити со тогашниот американски претседател Доналд Трамп и другите светски лидери во 2018 година не успеаја да го убедат Ким да се откаже од неговата програма за нуклеарно оружје.

Врховното народно собрание вчера го изгласа новиот закон, јави државната новинска агенција КЦНА.

– Најголемото значење на легализирањето на политиката за нуклеарно оружје е тоа што повлекува линија на неповратност што значи дека нема преговарање за нашето нуклеарно оружје, рече Ким во говорот пред пратениците.

Северна Кореја веќе со устав се прогласи за нуклеарна земја, но новиот закон оди чекор понатаму со тоа што прецизира кога тоа оружје може да се користи – како одговор на напад или за запирање на инвазија. Законот дозволува и превентивен нуклеарен напад доколку се открие непосредна закана од напад со оружје за масовно уништување или напад врз „стратешките цели“ на земјата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе