Шкотска планира нов референдум за независност во мај

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека планира да одржи нов референдум за независност на Шкотска доколку победи на изборите закажани за мај 2021 година.

Во изјава за BBC, премиерката рече дека нејзината Шкотска национална партија подготви документ кој содржи 11 чекори што треба да се преземат пред самиот референдум.

„Сакаме да одржиме законски референдум и ќе побарам согласност од народот на Шкотска во мај. Ако ми дадат дозвола, имам намера да ја спроведам волјата на народот. Тоа е демократија. Не станува збор за тоа што сакам или што сака Борис Џонсон, туку за тоа што сакаат луѓето во оваа земја“, рече Старџен.

Спротивно на тоа, опозициските партии во Шкотска сметаат дека премиерката треба да реши многу поважни прашања во моментот, како што се борбата против коронавирусот и економското закрепнување.

Најважниот дел од документот што Шкотската национална партија го презентираше во јавноста, се однесува на одобрување од Обединетото Кралство и Џонсон за одржување референдум за ова прашање. Во членот 8 од документот се вели дека Шкотска повторно ќе побара одобрување од Борис Џонсон за активирање на законот што ќе ѝ овозможи на оваа земја да распише референдум.

Досега, оваа одлука секогаш ја носеше премиерот на Обединетото Кралство, што беше случај во 2014 година, кога премиерот Дејвид Камерон ги префрли овластувањата на Шкотска по прашањето за независност.

Овој пат, Борис Џонсон претходно објави дека нема да ги прифати новите барања на Шкотска за нов референдум и изјави дека Шкотите веќе се изјасниле по ова прашање.

„Британската влада ќе продолжи да ја почитува таа демократска волја на шкотскиот народ и затоа не може да го одобри трансферот на власта, што може да доведе до организација на нов референдум“, рече Џонсон.

Првиот референдум за независност на Шкотска, одржан во 2014 година, покажа дека 55 проценти од граѓаните сакаат да останат во Обединетото Кралство, додека 45 проценти од граѓаните гласаа за независност на Шкотска.

Барањата за нов референдум се појавија откако Велика Британија ја напушти Европската Унија, иако Шкотска беше против таквата одлука.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе