Шкотска жестоко казни фудбалер поради навредување католици

Искусниот репрезентативец на Северна Ирска, Кајл Лаферти (35) е строго казнет поради видеото на кое се гледа како користи зборови кои се користат како погрден сленг за католиците.

По тој случај Лаферти веднаш ја доби првата санкција бидејќи беше отстранет од репрезентативниот собир за натпреварите од Лигата на нации, а сега стигна и одлуката со уште потежок удар за овој искусен играч.

Имено, Шкотската фудбалска асоцијација го казни Лаферти со казна од 10 натпревари, што е важно во неговиот случај бидејќи клупската кариера ја гради во дресот на Килмарнок, член на шкотската Премиер лига.

Така, искусниот напаѓач сега го чека прилично долга пауза поради неговите зборови, кои очигледно не мислел дека ќе бидат снимени и раширени толку брзо.

Инаку, спорен беше изразот „Pack of Fenian bastards“ што се користи за погрдно именување на католиците, а Лаферти го употреби за вербална навреда на навивачот на Селтик на кој му се обраќаше за време на неговото излегување в град.

URL

 

По одредената суспензија, искусниот фудбалер би требало да се врати на терените дури во јануари, а интересно е што неговиот камбек натпревар треба да биде дуел токму против Селтик во рамките на Шкотскиот куп.

URL

Лаферти одигра 85 натпревари во дресот на Северна Ирска, постигна 20 гола, а селекторот Баракло подвлече дека сѐ уште не го отпишал искусниот фудбалер од својот тим. Беше дел од неговиот национален тим при оној сензационален пласман на ЕУРО 2016, каде Северна Ирска успеа дури и да ја мине групната фаза. Лаферти не постигна гол на завршниот турнир.

Интересно, кога се венчаше со својата прва сопруга, шкотската и британската мисица од 2010 година Никола Мимнаг, тоа го направи во римокатоличката црква Сент Маргарет во градот Џонстон.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе