Шпанија: Карантинот во Велика Британија не е фер

Одлуката на британската Влада да воведе 14-дневен карантин за сите кои ќе влезат во земјата од Шпанија „не е фер“, рече шпанскиот премиер.

Педро Санчес изјави дека туристите во повеќето шпански региони би биле посигурни од коронавирусот отколку во Велика Британија и додаде дека се надева оти земјата ќе го смени ставот.

Тој рече дека во тек се преговори, откако Велика Британија исто така ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Шпанија освен во итен случај.

Но, британската влада рече дека не планира да ја смени својата одлука за карантинот, а официјалниот портпарол на Борис Џонсон предупреди дека „нема патување без ризик додека трае пандемијата“.

Санчес рече дека Велика Британија „направила грешка“ бидејќи ги зела предвид стапките на зараза за целата земја, а во сите региони во Шпанија стапките не се исти.

Тој додаде дека 64,5% од новите случаи се само на две територии и дека во поголемиот дел од Шпанија бројките на заразени со COVID-19 се многу пониски отколку во Велика Британија.

Британските туристи во Шпанија се шокирани и збунети од ненадејната одлука на нивната Влада која завчера одлучи да им биде одреден карантин од 14 дена откако ќе се вратат во земјата.

Британската Влада завчера ја тргна Шпанија од листата на земји каде е безбедно да се патува. Оваа мерка ќе нанесе огромен удар врз шпанскиот туризам кој се обидува да спаси дел од сезоната по големите загуби поради рестриктивните мерки воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Шпанија е популарна дестинација за британските туристи. Само лани 18,08 милиони Британци летувале во оваа земја.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе