Шпионска афера ја тресе Шпанија, разрешена шефицата на агенцијата за разузнавање

Шпанската влада ја разреши Паз Естебан, шефицата на агенцијата за разузнавање во земјата, откако беше откриено дека телефоните на премиерот Педро Санчез и луѓето поврзани со каталонското сепаратистичко движење биле цел на шпионскиот софтвер Pegasus, изјави денеска владин извор за Reuters.

„Владата денеска одлучи да направи промени на чело на CNI (Националниот разузнавачки центар), рече министерката за одбрана Маргарита Роблес по седницата на владата.

64-годишната Естебан, првата жена на чело на CNI, назначена во 2020 година, работеше скоро 40 години за разузнавачка агенција. На нејзино место ќе дојде Есперанца Кастелеиро Љамазарес, личност број два во Министерството за одбрана.

Откриен шпионскиот софтвер Pegasus

Шпанската влада на почетокот на мај објави дека открила шпионски софтвер Pegasus на мобилните телефони на премиерот Санчез и министерката за одбрана Роблес.

Истиот софтвер бил откриен и во мобилниот телефон на министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка, изјави денеска портпаролката Изабел Родригез, со што министерот стана трет владин функционер чиј мобилен телефон бил хакиран.

Естебан минатата недела се појави пред пратениците за да го објасни прислушувањето на каталонските лидери.

Комитетот во кој таа се појави е предмет на службена тајна, но присутните пратеници рекоа дека Естебан признала дека шпионската агенција прислушувала 18 лидери за независност, но секогаш според судски налог, како што налага законот.

Владата соопшти дека ги истражува наводите, но непријатностите се зголемуваат поради хакирањето на мобилниот телефон на премиерот.

Скандалот ја потресе Шпанија по објавувањето на извештајот на канадската организација Citizen Lab на 18 април дека идентификувала 60 лица од сепаратистичкото движење чии мобилни телефони биле хакирани од Pegasus помеѓу 2017 и 2020 година.

Ова доведе до длабока криза меѓу малцинската влада на Педро Санчез и каталонските сепаратисти. Каталонската левичарска Партија на независноста (ERC), клучен сојузник на шпанската малцинска влада, предупреди дека нема да ја поддржи додека Мадрид не преземе чекори за враќање на довербата.

Но, аферата доби дополнително значење кога владата на 2 мај објави дека и телефоните на Санчез и Роблес биле шпионирани во мај и јуни 2021 година преку истата програма создадена од израелската компанија NSO.

Pegasus - кој дозволува пристап до пораки, податоци или далечинско активирање камери и микрофони на паметни телефони - и израелската компанија NSO што го дизајнираше, се предмет на сериозни обвинувања откако медиумскиот конзорциум минатото лето откри дека софтверот се користел за шпионирање на стотици политичари и политичарки, новинари, активисти за човекови права или извршни директори.

Санчез е првиот шеф на држава или влада кој објави дека бил шпиониран преку Pegasus.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе