Израел ја шпионирал Палестина

Шпионски софтвер од Израел пронајден на телефони на палестински активисти

Б.С.Б.
/ 08.11.2021 / 18:17

Безбедносни истражувачи денеска соопштија дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ на израелската компанија НСО е откриен на мобилните телефони на шест палестински активисти за заштита на човекови права, делумно поврзани со групи за кои израелскиот министер за одбрана Бени Ганц претходно тврдеше дека се вмешани во тероризам.

Ова е прв случај палестински активисти да се најдат како цел на воениот шпионски софтвер „Пегаз“, пренесе AP.

Неговата употреба против новинари, активисти за заштита на човекови права и политички дисиденти од Мексико до Саудиска Арабија е документирана уште од 2015 година.

Успешната „инфекција“ со „Пегаз“ потајно им дава пристап на хакерите на се што човекот чува и користи на својот телефон, вклучувајќи ја и комуникацијата во реално време.

Засега не се знае кој го поставил шпионскиот софтвер на телефоните на палестинските активисти, изјави истражувачот Мохамед ал Маскати од непрофитната организација Front Line Defenders.

Набргу по идентификувањето на првите два напади во средината на октомври, израелскиот министер Бени Ганц прогласи шест палестински групи за терористички организации.

Front Line Defenders, со седиште во Ирска, и најмалку две жртви велат дека го сметаат Израел за главен осомничен  и веруваат дека именувањето е можеби темпирано за обид да се засени откривањето за хакирањето, иако не презентираа докази со кои би ги поткрепиле овие тврдења.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе