Што ако Месечината падне на Земјата?
Има многу прашања во врска со големата мистериозна вселена за кои нема да добиеме одговори додека сме живи.
Знаеме многу малку дури и за она што нѐ опкружува тука, во нашиот Сончев Систем, за галаксијата Млечен Пат, за Месечината.
Месечината е единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиско небесно тело до неа. Просечното растојание од Земјата до Месечината изнесува 384.400 километри. Месечината е цврсто небесно тело со пречник од 3.473,3 км. По површина, таа е 14 пати, по обем е 50 пати, а по маса е 80 пати помала од Земјата. Гравитацијата на Месечината е шест пати помала отколку онаа на Земјата.
Unveiled реши да се позанимава со едно прилично апокалиптично сценарио што би резултирало од паѓањето на Месечината на Земјата.