Што да направите ако не можете да праќате директни пораки на Instagram?

Проблемите со перформансите на Instagram не се невообичаена појава, но се чини дека се најлоши досега.

Во вторникот вечерта, по наше време, корисниците почнаа да пријавуваат проблеми што се појавуваат при испраќање директни пораки, а се чини дека проблемот сè уште не е решен.

Сè уште нема официјално соопштение од Instagram, а фрустрираните корисници започнаа вистинска војна со мемиња на Twitter против сервисот и актуелниот проблем со кој се соочуваат.

За потсетување, повеќето корисници кои го имаат проблемот известуваат дека вчитувањето на нивните директни пораки (DM) не работи како што треба, додека други велат дека не можат да испраќаат пораки или тие целосно исчезнуваат.

За жал, како што е вообичаено со грешките и проблемите на Instagram, корисниците не можат многу да направат за да ги овозможат функциите што не работат.

Проблемите со директните пораки најверојатно се дел од грешка на серверите на Instagram, а популарната платформа најверојатно работи на поправка што треба да се појави наскоро.

Во меѓувреме, ако сте нетрпеливи, можете сами да пробате неколку вообичаени решенија додека не пристигне официјален patch за проблемите.

Затворете ја апликацијата и стартувајте ја повторно. Прво, обидете се целосно да ја исклучите апликацијата. На вашиот телефон, можете да го направите ова со лизгање нагоре на почетната страница.

  • Одјавете се од апликацијата. Некои корисници известуваат дека кога ќе се одјават од апликацијата и ќе се логираат повторно, Instagram повеќе не прави проблеми.
  • Избришете ја апликацијата. Обидете се да ја избришете апликацијата од вашиот уред и потоа преземете ја повторно од соодветната продавница.
  • Користете ја најновата верзија. Проверете дали има ажурирања на Instagram што сè уште не сте ги инсталирале.
  • Исклучете го телефонот. Ова е класично решение, но понекогаш само треба да го исклучите и повторно да го вклучите телефонот за да го решите проблемот.
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе